
Канада ја одобри вакцината на Pfizer и BioNTech и на тој начин стана трета земја, по Велика Британија и Бахреин, којашто ѝ даде зелено светло на вакцината против коронавирусот.
“Канаѓаните можат да бидат сигурни дека процесот бил строг и дека имаме ефикасен систем на контрола“, наведуваат од тамошното министерство за здравство.
Според најавите, за неколку дена по одобрувањето, жителите на Канада ќе можат д се вакцинираат.
Досега во Канада од Ковид-19 се заразени 435.000 лица, а починале скоро 13.000.
Фото: Freepik