Намален бројот на издадени одобренија за градење

56

Во октомври оваа година се издадени 270 одобренија за градење, што е за 12,3% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.804.250.000 денари, што е за 1,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 172 (63,7%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (11,1%) за објекти од нискоградба и 68 (25,2%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 270 објекти, на 174 (64,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 96 (35,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови, со вкупна корисна површина од 65.888 метри квадратни.

Фото: Freepik