Прометот во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи пораст кај Капитални производи за 18,2%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1%.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2020 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 99,9, додека во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 90,2.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 90,9.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,4%, Капитални производи за 7,4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9%.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2020 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 94,4, додека во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 96,6.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 107,7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи пораст кај Капитални производи за 19,5%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 18,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,1%.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2020 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 101,4, додека во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 88,6.
Фото: Freepik