Првиот човек на Интерпол, Јурген Сток, предупреди дека очекува “драматичен“ раст на криминалот во постапката за испорака на вакцина против коронавирусот, што веќе започна во неколку земји, а на крајот на неделата ќе биде и во Европската унија.
“Со почетокот на испорака на вакцините, криминалот ќе расте на драматичен начин. Се очекуваат кражби, провали во складишта и напади на превозните средства со вакцини“, рекол Сток за германските медиуми.
Европската унија договори цена од 15,5 евра по доза од вакцината на Pfizer и BioNTech, пренесува Ројтерс. Цената, што е доверлива и испреговарана за вкупно 300 милиони дози, е пониска од 19,5 долари што САД ги договорија за првата испорака од 100 милиони дози од истата вакцина.
Фото: Freepik