Претпладне сонце, попладне дожд

32

Времето во Македонија ќе биде сончево, топло и ветровито претпладне, а попладне со услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи претежно на планинските предели. Ќе дува засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а максималната од 26 до 33 степени.
Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.