Имотот Neverland на поп иконата Мајкл Џексон во Калифорнија е продаден по повеќе од 10 години од смртта на пејачот.
Инвеститорот и милијардер Рон Буркле, поранешен семеен пријател на Џексон, неодамна го купил имотот од 1.100 хектари, пренесува Ројтерс.
Според светските медиуми, Neverland, којшто неодамна е преименуван во Sycamore Valley Ranch, е продаден за 22 милиони долари. Пред пет години имотот бил понуден на продажба за 100 милиони, а две години подоцна за 67 милиони долари.
Џексон, кој почина во 2009-та годна, го купи тој имот во 1988-ма година за 19,5 милиони долари. Името му го даде по приказната за Петар Пан, детето кое одбива да порасне.
Neverland има зоолошка градинка, железница и лунапарк. Џексон таму ги забавувал децата, а откако едно момче во 2005-та година го обвини за злоставување, пејачот вети дека никогаш повеќе нема да се врати на имотот.
Фото: Pixabay