Финска има интересен начин за привлекување странски ИТ работници

54

Финска во последниот месец прими повеќе од 5.300 барања во рамки на нова миграциона програма. Земјата нуди прилика за ИТ работници и нивните семејства да се преселат во скандинавската земја на 90 дена и потоа да одлучат дали трајно ќе ја променат адресата на живеење, пренесува Гардијан.

“Не сме на врвот на листата на земји на преселување, но неколку пати се уверивме дека луѓето обично остануваат да живеат во Финска штом еднаш ја посетат. Во светот има голема конкуренција, па моравме креативно да размислуваме“, вели Јоана Хур од Хелсиншкиот деловен центар, којшто ја осмисли миграционата програма.

За 90-дневниот престој во Финска најголем интерес има од САД и Канада, што сочинуваат околу 30% од пристигнатите барања. Меѓу нив има и 50 Британци и еден жител на јужниот пацифички остро Вануату.

Поголемиот дел од подносителите се семејни луѓе кои сакаат да работат на далечина за својот моментален работодавач, барем на почетокот, а повеќе од 800 баратели сакале да основаат свој старт – ап. Меѓу барателите има 60 заинтересирани инвеститори, додека останатите сакаат да најдат работа штом пристигнат во Финска.

Фото: Pixabay