Саmmео такси доби сертификат ISO14001:2015 за заштита на животната средина

258

Cammeo такси со флота од нови еколошки возила, пред неколку месеци го започна својот пат во Македонија – како петта држава во која оперативно работи, со цел на сите граѓани на Скопје да им овозможи секогаш достапен, сигурен и поволен начин на превоз со европски квалитет.

Веќе 14 години успешно работи во повеќе од 40 градови во регионот каде акцент става на еколошката компонента и со тоа е првото “зелено“ такси како во целиот регион така и на улиците на Скопје и Македонија. Од 2006 година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, како и од аспект на развивање на еколошката свест. Строго држејќи се кон својата политика со стратегија за користење на еколошко гориво и заштита на патниците и животната средина, Cammeo такси Македонија го доби сертификатот ISO 14001:2015 за систем за управување со животната средина. Со ова Cammeo такси стана првата такси компанија во цела југоисточна Европа со ваков сертификат и признание.

“Малку е да се каже колку сме горди на својата работа и придонесот кон здравата животна средина во главниот град Скопје, пред сè поради фактот што можеме од наш личен пример да допринесеме Скопје да има почиста животна средина, а Скопјани да дишат почист воздух“, порачуваат оттаму.

Cammeo Такси покажа дека како прво и единствено ,“зелено‘‘ односно еколошко такси на улиците на Скопје, може да влијае на подобрување на квалитетот на воздухот во главниот град, а со тоа и на квалитетот на животот во него генерално.
Согласно тоа, Cammeo е високо општествена одговорна компанија со која сите заедно се “возиме зелено“ за наша подобра и “зелена иднина“.

Cammeo такси иако веќе ги освои срцата на граѓаните на Скопје кои го препознаа квалитетот на услугата, континуирано се залага за подобрување на своите услуги и обука на своите возачи. Моменталната просечна оценка која патниците ја имаат дадено за нашите возачи е висока 4,9 (од 5) пропратена со над 1.500 пофалби, што Cammeo такси го става на врвот на такси превозници во градот.

Сигурноста и здравјето се важен дел во превозот на патници, заради што уште од самиот почеток од нашето работење во Скопје, вградивме прегради со кои се овозможува максимална заштита на патниците и возачите во услови на постоечката здравствена пандемија. Возилата на Cammeo се чистат и дезинфицираат секојдневно, затоа што, здравјето е основен приоритет во моментов.

Овој регионален такси гигант денес брои повеќе од 1.400 вработени и поседува повеќе од 900 возила, а годишно превезува милиони патници, достапен во повеќе од 40 градови, во пет држави. Во последните 14 години стана секојдневие на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Србија, Чешка, а во последниве неколку масеци и во Македонија. Благодарејќи на Cammeo, такси превозот стана достапен на сите – од студенти до пензионери. Cammeo такси континуирано пишува нови поглавја во својата успешна приказна, меѓу кои едно токму во Македонија, на улиците на Скопје.

Cammeo такси им благодари на сите свои редовни и идни патници за подарената доверба, надевајќи се на уште многу заеднички поминати километри, затоа што Cammeo постои од вас и за вас – со секогаш достапни еколошки возила за услуга 24/7 преку повик на бројот 15 777 или преку Cammeo апликацијата.