Роботот за полнење на Volkswagen ќе биде задолжен да нуди целосно автономно полнење на електричните возила во строго регулираните паркинг делови како што се подземните гаражи.
“Сеприсутната инфраструктура за полнење е и останува клучен фактор за успешноста на електричната мобилност. Нашиот робот за полнење е само еден од неколкуте пристапи, но без дилеми е еден од највизионерските“, вели извршниот директор на VW Group Components, Томас Шмал.
Роботот може да се вклучи преку апликација или користење на Car-to-X комуникација и независно ќе се насочи себе си кон возилото. Целиот процес се одвива без никаква човечка интервенција.
Со цел да наполни повеќе возила истовремено, роботот ќе ја поврзе мобилната единица за складирање на енергија со возилото, повторувајќи го овој процес повеќе пати. Откако ќе заврши полнењето, тој самостојно ќе ја собере мобилната единици за складирање на енергијата и ќе ја насочи назад кон централната станица за полнење.
“Поставување на ефикасна инфраструктура за полнење за иднината е главна задача која е предизвик за целиот сектор. Ние развиваме решенија кои ќе ни помогнат да избегнеме скапи самостојни мерки. Мобилниот робот за полнење и нашата флексибилна станица за брзо полнење се само две од овие решенија“, смета Шмал.
Мобилниот робот за полнење сега влегува во својата тестирачка фаза на прототип, а VW ќе го лансира својот систем на флексибилна брзополнечка станица кон почетокот на следната година.
Преземено од Avtoplus.mk