По 20 месеци во САД повторно во воздух Boeing 737 Max

157

Патничките авиони Boeing 737 Max на American Airlines по 20 месеци пауза повторно почнаа со летови во САД.

Летовите продолжија откако минатиот месец е укината забраната што трае од март минатата година, а е воведена од безбедносни причини поради две авионски несреќи со голем број жртви.

Авионот од Мајами полета за Њујорк нешто по 10:40 часот по локално време со стотина патници.

Американската управа за цивилно воздухопловство минатиот месец ги одобри летовите на Boeing 737 Max по измените во системот на авионите за коишто се верува дека ги предизвикаа несреќите во 2018-та и 2019-та година, кога загинаа вкупно 346 лица.

Фото: Freepik