Aspark Owl конечно на продажба во Европа

63

Owl е хиперавтомобил на компанијата Aspark кој беше претставен уште во 2019 година, но дури сега пристигнува во продажба. Како што велат од компанијата, продажбата ќе се одвива преку “нивната мрежа на престижни дилери“. Оваа мрежа е прилично мала, со оглед на тоа дека компанијата има свои дилери во Бер, Франција и Мајами, Флорида. Сепак, Aspark претходно отвори салон и во Осака, Јапонија, а најави и дека повеќе салони ќе пристигнат во следните недели.

Но, што го прави Aspark Owl толку специјален. Според компанијата, станува збор за автомобил со најбрзо забрзување во светот, со оглед на тоа дека спринтот до 60 милији на час (0-96 км/ч) го достигнува за само 1,72 секунди.

Со цел да го достигне сето ова, моделот е опремен со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од неверојатни 2.012 КС и 2.000 Nm вртежен момент. Електромоторите се напојуваат од страна на 64 kWh литиум-јонска батерија, која на Owl му овозможува да има опсег на движење од 450 километри според NEDC циклусот, а максималната брзина изнесува 400 километри на час.

Покрај високоперформансниот погон, Aspark Owl се одликува и со карбонски монокок и карбонска каросерија. Моделот исто така има спортска активна аеродинамика и керамичко-карбонски сопирачки систем.

Owl е веќе во производство и се составува во соработка со италијански Manifattura Automobili Torino, кој се специјализира во производство на единечни и возила кои се во ограничено издание. Кога веќе станува збор за тоа, треба да се истакне дека Aspark ќе произведе само 50 примероци на Owl, а цената стартува од 2,9 милиони евра.

Преземено од Avtoplus.mk