Претседателот на Управата на хрватската прехранбена компанија, Подравка и претседател на хрватското здружение на работодавачи, Марин Пуцар, почина на 50-годишна возраст по тешко боледување, пренесуваат хрватските медиуми
Пуцар е роден во Задар, дипломирал економија во Загреб, а имал и диплома за менаџмент од Leeds Metropolitan University во Велика Британија.
Кариерата ја започнал како трговски патник во фирмата Гавриловиќ, а во Подравка е од 2001 година, додека на претседателската позиција дошол во 2017 година.
Фото: Podravka.hr