Автомобилскиот бренд за луксузни возила, Bentley во текот на 2020 година забележа рекордна продажба на сите возила и тоа благодарение на купувачи од Кина, пренесува Ројтерс.
Bentley минатата година имаше рекордна продажба од 11.206 автомобили, што претставува пораст од 2% во однос на 2019 година. Резултатите се остварени благодарение на кинеските купувачи, бидејќи на тој пазар продажбата забележа скок од 48%. Во САД продажбата се зголеми за 4%, а во Европа и на Блискиот исток се забележува голем пад.
Покрај фармацевтската и ИТ индустријата, Bentley се покажа отпорен на кризата што ја предизвика пандемијата.
Фото: Pixabay