Hyundai предизвика забуна околу можната врска со Apple кога станува збор за производство на електрични автомобили. Јужнокорејската автомобилска компанија најпрво соопшти дека е во рана фаза на преговори со производителот на iPhone, за можно партнерство за електрични автомобили, но неколку часа подоцна ја повлече таа изјава. Тие додадоа дека преговараат со „голем број потенцијални партнери“, но не го спомнаа Apple.
Сепак, само спомнувањето на една од највредните американски компании беше доволно за цената на акциите на Hyundai да скокне повеќе од 20 %. Изјавата подоцна беше ревидирана и беше наведено дека сè уште ништо не е решено.
Вредноста на јужнокорејскиот гигант се зголеми за девет милијарди долари, по најавата за можно партнерство со Apple. Сепак, американската компанија е позната по тоа што ги чува своите деловни планови во тајност до самиот крај.
Фото: Pixabay