Продажбата на автомобили во Германија намалена за скоро 20%

55

Бројот на регистрирани нови автомобили се намали во Германија во 2020 година за скоро една петина, како последица од пандемијата, а светла точка е раст на популарноста на електричните автомобили.

Минатата година во Германија се регистрирани околу 2,9 милиони нови автомобили, што е за 19% помалку одошто во 2019 година, покажува анализата на Здружението на автомобилски производители.

Теренските возила минатата година зафатија една петина од новите автомобили во Германија, а популарни беа и камперите бидејќи ограничувањата поради пандемијата го намали изборот на локации за одмор.

Последен пат кога бил регистриран пад на бројот на продадени нови автомобил е во 2010 година, кога германските власти ја стопираа програмата за поттикнување на сопствениците старите да ги заменат со нови автомобили.

И покрај остриот пад во текот на цела 2020 година, во декември регистрираниот број на нови возила се зголеми за 10% на годишно ниво, со регистрирани 311.394 нови автомобили.

Фото: Freepik