Испораката на паметни телефони во Кина намалена за над 20%

53

Испораката на паметни телефони во Кина минатата година е намалена за 20,4% во однос на една година претходно, покажуваат податоците на кинеските власти.

Производителите на паметни телефони лани испорачале 296 милиони паметни телефони на потрошувачите во Кина, што е за 76 милиони помалку одошто во 2019 година.

Во првата половина од годината, домашните брендови Oppo, Vivo и Xiaomi забележаа остар пад на испораката, додека Huawei, којшто е водечки кинески бренд во сегментот најскапи уреди, го зголемил пазарниот удел.

Производителите на телефони во декември испорачаа 25,2 милиони паметни телефони на потрошувачите во Кина, што е пад од 12,8% во споредба со истиот период минатата година.

Фото: Freepik