Цените на нафтата на 11-месечен максимум

52

Цените на нафтата достигнаа 11-месечен максимум и се приближија на ниво од 57 долари за барел, поради намалената понуда и очекуваниот пад на американската залиха е намалена и загриженоста на инвеститорите за состојбата со коронавирусот.

Северноморската нафта Брент поскапе за 75 центи или 1,4% на 56,41 долари за барел, а во еден момент достигна 56,75 долари, што е највисоко ниво од минатиот февруари.

Американската WTI нафта забележа пораст на цената за 86 центи или 1,7%, на 53,11 долари, информира Ројтерс.

Фото: Freepik