Hyundai ги објави првите тизери за Ioniq 5

59

Корејскиот производител Hyundai откри неколку фотографии и видео за својот подбренд Ioniq и моделот 5, кој треба да ја доживее својата премиера наскоро.

Hyundai Ioniq 5 следниот месец ќе ја доживее својата официјална премиера, а корејскиот производител сега објави неколку тизери кои откриваат доста за да добиеме претстава што можеме да очекуваме. Веќе е познато дека Ioniq 5 ќе биде базиран на концептот 45, а продукциската верзија ќе стане првото електрично возило базирано на новата E-GMP архитектура.

Ioniq 5 ќе има карактеристичен дизајн кој не изгледа како ништо друго што може да се најде во поставата на Hyundai. Ова не е случајно, бидејќи компанијата веќе најави дека можеме да очекуваме “темелни промени“ во дизајнот на електричните возила.

И додека Hyundai ги чува деталите во тајност, она што можеме ние да го забележиме е дека кросоверот се карактеризира со пикселни предни светла кои се “сугестивни за дигиталната технологија која ја поседува“. Хаубата ќе се протега низ целата ширина на автомобилот, со што се минимизира процепот меѓу панелите и се креира чист и хај-тек изглед.

Освен тоа, тука е и целосно затворената решетка и дигиталните странични ретровизори. Забележливи се и контрастните заштитни обвивки на долниот дел од автомобилот, тенките задни светла и аеродинамички оптимизираните тркала кои се со димензија до 20 инчи.

Кога станува збор за полнењето, од Hyundai истакнуваат дека Ioniq 5 има ултра брзи полнечки способности. Конкретно, со петминутно полнење, кросоверот може да помине повеќе од 100 километри според WLTP циклусот. Ова и не се многу детали, но Hyundai Austria по грешка објави перформансни спецификации пред извесно време. Ако тие бројки се точки, тогаш можеме да очекуваме погон на сите четири тркала и моќност од 313 КС, а забрзувањето до 60 милји на час (0-96 км/ч) се достигнува за 5,2 секунди.

Преземено од Avtoplus.mk