Глобалниот пазар на нафтата ќе закрепне на почетокот на следната година

42

Просечната цена на Брент нафта во текот на оваа и следната година ќе биде 53 долари за барел, а просечната потрошувачка на нафта во светот нема да се врати на нивото од 2019 година пред 2022 година, прогнозира американската Управа за енергетски информации.

Прелиминарните податоци и проценки укажуваат на тоа дека глобалната потрошувачка на течни горива поради пандемијата минатата година се намали за девет милиони барели дневно, што е најголем пад од 80-тите години на минатиот век.

Се проценува дека закрепнувањето на потрошувачката ќе се одвива во следните две години, така што оваа ќе порасне за 5,6 милиони барели дневно, а во 2022 година за уште 3,3 милиони барели.

Фото: Freepik