По понудата за преземање: Берза го стави Скопски пазар на листа на набљудување

Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Скопски пазар АД Скопје на Листата за набљудување.

Внесување на друштвото Скопски пазар АД Скопје на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што до друштвото е доставена Намера за објавување на понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕл Скопје.

Преземачите  Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје се обврзуваат да ги откупат сите обични акции по цена од 6.500 денари за една акција.