Современ дом и ЗСФ со понуда за целосно преземање на Скопски пазар – нудат 6.500 денари за акција

175

Скопски Пазар АД Скопје соопшти дека на ден 13.01.2021 година примила известување за намера за преземање од страна на Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.

Согласно текстот на известувањето, Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје имаат намера да дадат понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Скопски Пазар АД Скопје.

Преземачите се обврзуваат да ги откупат сите обични акции по цена од 6.500 денари за една акција.

Во прилог на ова известување е и известувањето за намерата.

Фото: Freepik