Alibaba и SAIC го лансираат новиот ЕВ бренд IM

94

Alibaba и SAIC ги здружуваат своите сили за лансирање на целосно новиот автомобилски бренд наменет за електрични возила наречен Zhiji Auto / IM.

Двата кинески гиганти се обединуваат за да го создадат брендот наречен Zhiji Auto / IM, кој е подготвен да стане најновиот кинески производител на премиум електрични возила, а во својот опсег ќе има модерен седан и кросовер. Седанот се карактеризира со интелигентен осветлувачки систем кој е сочинет од 2,6 милиони пиксели светло. Истите можат да се користат за да прикажуваат анимации како и статусот на полнење.

Покрај високотехнолошкото осветлување, седанот има и интегрирани рачки на вратите и аеродинамички тркала. Забележлив е и панорамскиот стаклен покрив, покривниот сензор и задни светла кои се протегаат низ целата задна страна на автомобилот.

Напредниот стајлинг продолжува и во внатрешноста каде возачот ќе најде полу-анилинска кожа, дрвен трим и метални акценти. Седанот исто така е опремен и со двојни прозорци и електрично затворање на вратите.

Сето ова е одлично, но е засенето од страна на 39-инчниот екран кој излегува од контролниот панел и кој е поделен на три секции. Во случај тоа да не е доволно, тука е и вториот 12,8-инчен екран кој излегува од централната конзола како кај новата Mercedes S Класа.

Кога станува збор за технологијата, автомобилот е опремен со 15 HD камери, 12 ултрасонични сензори и петмилиметарски брановни радари. Тие се користат за полуавтономниот систем на возење. Кон крајот на годината, IM наводно ќе понуди и point-to-point автономно возење. Деталите во овој момент се ограничени и наводно зависат од одобрувањата на владата.

Во секој случај, Nvidia потврди дека возилата ја користат нивната DRIVE Orin компјутерска платформа. Ова овозможува „од 500 до над 1.000 трилиони операции по секунда перформанси за автоматизирани и автономни способности како додаток на персонализацијата во кабината која постојано е бежично унапредувања за вистинско софтверско доживување“.

Кога станува збор за перформансите, седанот на IM се придвижува со два електромотори кои му овозможуваат погон на сите четири тркала и комбинирана моќност од 544 кС и 700 Nm вртежен момент. Благодарение на ова, автомобилот од нула до „стотка“ стигнува за 3,9 секунди. Батеријата од 93 kWh е стандардна, а како опција ќе се нуди и батерија со капацитет од 115 kWh. Со втората батерија, седанот ќе има опсег на движење од 874 километри според NEDC циклусот.

Интересно, автомобилот треба да пристигне со првиот масовно произведен брзински бежичен полнач за електрични автомобили на светот. Овој полнач може да му даде на автомобилот опсег од 70 до 80 километри за помаку од еден час.

Автомобилите на IM ќе бидат поставени на алуминиумска архитектура и се карактеризираат со шасија тјунирана од Williams. Исто така можеме да очекуваме и адаптивен систем на потпирање и управување на задните тркала. Седанот ќе биде прикажан на Салонот во Шангај во април, додека кросоверот ќе пристигне во 2022 година.

Преземено од Avtoplus.mk