Британскиот музичар, Фил Колинс за 40 милиони долари ја продава својата резиденција сместена во Мајами Бич.
Имотот, чиј сопственик претходно била Џенифер Лопез, има 11 соби и 10 тоалети. Резиденцијата се протега на над 1.000 метри квадратни, а е изградена во медитерански стил во 1929 година.
Сместена е на самото крајбрежје во должина од околу 60 метри, има свој базен и рибник.
Во 2015-та година, Фил Колинс за овој имот одвоил 33 милиони долари.
Фото: Facebook