Минатата година, продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголеми за 43%. Најдалеку во набавката на електрични автомобили отиде Норвешка, каде учеството на тие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година беше 54,3%.
Граѓаните на богатите скандинавски земји имаат најголем напредок во купувањето, но предвидувањата се дека наскоро електричните возила ќе станат достапни на граѓаните од другите земји без вообичаените даночни олеснувања и субвенции воведени од владите ширум светот.
Норвешка разви национална стратегија за целосно искоренување на продажбата на бензински и дизел автомобили како нови возила во земјата најдоцна до 2025 година.
Фото: Freepik