Merck “крева раце“ од вакцината против Ковид-19

80

Американската фармацевтска компанија Merck се откажа од двата потенцијални кандидати за вакцина против коронавирусот поради слабите резултати во првите клинички испитувања.

Merck соопшти дека доброволците добро ја поднеле вакцината, но таа поттикнала слаб имунолошки одговор во споредба со другите вакцини.

Од компанијата наведуваат дека фокусот ќе го насочат кон две можни терапии за Ковид-19, коишто допрва треба да добијат одобрение од надлежните регулаторни тела.

Американската влада на Merck ќе му исплати 356 милиони долари за забрзано производство на една од нејзините потенцијални терапии против Ковид-19, во рамки на акцијата што има за цел да помогне во развој на вакцините и лековите против болести што ги предизвикува пандемијата.

Тие пари ќе овозможат компанијата до крајот на јуни да произведе до 100.000 дози, доколку американската Управа за храна и лекови даде одобрение за итна употреба.

Фото: Freepik