DAL-e: Робот за услуги на клиенти на Hyundai

98

Hyundai Motor Group лансира хуманоиден робот за услуги на клиенти наречен DAL-e кој е дизајниран да разговара со луѓето и да помага при продажбата.

DAL-e роботот на Hyundai е високо напредна машина дизајнирана да комуницира со луѓето користејќи прецизни способности за препознавање и мобилна функција. Името DAL-e е акроним за „Drive you, Assist you, Link with you – experience“. Овој робот на Hyundai е опремен со најмодерната AI технологија за препознавање на ликови, како и комуникациски систем базиран на платформа за разбирање на јазици. Роботот е дизајниран за да ја донесе иднината во услугите за клиенти, каде што работите како Ковид-19 пандемијата која не научи на новото секојдневие со помалку физички контакти при извршувањето на секојдневните задачи.

Роботот има димензии 1.160 х 600 х 600 милиметри и тежи 80 килограми. DAL-e е прикажан во изложбен салон на Hyundai во јужен Сеул, каде што роботот ги изврши своите први операции. По ова, сега се очекува да се користи во разни области за кои се потребни секојдневни интеракции со клиенти, како што се останатите изложбени салони кои работат под групацијата на Hyundai.

Со својата мала хуманоидна глава која е веднаш забележлива, DAL-e е значително полесен и покомпактен од било кои други роботи кои се користат во исти и слични дејности. Опремен е со еден куп на пријателски, емотивни карактеристики за поприроден пристап и интеракција со клиентите. Доколку клиент влезе во продажен салон без да носи маска, роботот ќе го препознае тоа и ќе го посоветува клиентот да стави маска. Кога станува збор за комуникациските способности, DAL-e е способен да влезе во конверзација со клиентите со нудење на корисни информации околу производите и услугите, сето тоа додека одговара преку екранот на допир и вербални команди.

Кога станува збор за мобилноста, роботот може да се движи слободно и да ги придружува купувачите до одредените места благодарение на четири повеќенасочни тркала. Hyundai планира постојано да го унапредува DAL-e базирано на податоците од пилот операциите со цел да ги подобри неговите способности со тек на време.

Преземено од Avtoplus.mk