Twitter го презеде стартапот за newsletters, Revue за да привлече корисници кои сакаат да заработат од своите следбеници.
Не е откриена вредноста на договорот, но се наведува дека премиум карактеристиките на Revue ќе бидат бесплатни за сите корисници на Twitter, како и дека ќе се намалат трошоците за одржување на newsletters за да може да се заработува од претплата.
Revue е основан пред шест години во Холандија и меѓу клиентите ги има: Vox Media, Chicago Sun Times. По преземањето, Revue ќе функционира како самостојна служба и ќе ангажира дополнителен број на инженери, дизајнери и аналитичари.
Twitter порача дека на овој начин писателите и авторите на долги форми ќе имаат нов начин на комуникација со публиката.
Фото: Freepik