Винскиот туризам е голем потенцијал за тиквешкиот регион

92

По покана од здружението на мали семејни винарии, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски го посети тиквешкиот регион запознавајки се со поголем број на семејни и бутик винарии кои започнуваат да градат винска туристичка понуда.

Јаневски истакна дека винскиот туризам треба да биде носител на туристичката понуда во тиквешкиот регион преку претставување и промовирање на голем број семејни винарии со специфични традиционални и автентични сорти на вина и нивно туристичка понуда на поширок круг на посетители. Состојбата со пандемијата и влијанието на кампањата #домасиедома мотивира голем број на домашни туристи да ја запознаат својата земја овозможувајќи руралните и еко туристичките дестинации со својата понуда да бидат многу успешни.

Одличната местоположба и близината со патниот правец Е75 отвора можности за посета на поголем број на регионални и транзит туристи кои треба многу поконкретно да се запознаат со винската култура и гастрономијата нудејќи префинет еногастро концепт кој треба да прерасне во бренд кој ќе мотивира се поголем број на туристи да бидат присутни во тиквешкиот регион.

На состанокот се потенцира потребата од градење на капацитетите преку поактивно учество во искористување на меѓуграничната соработка и можноста оваа година преку ИПАРД создавање на нови туристички содржини и зајакнување на сместувачките капацитети. Преку соработка со општината и кластерот на мали семејни винарии се подготвува промовирањето на тиквешкиот регион на српскиот пазар во почетокот на месец април 2021 година, зголемување на промоцијата и учество во кампањата #домасиедома.