Облакодер кој изгледа како некој вид на снимка од СФ-филмови во блиска иднина би можел да стане вистински во Дубаи благодарение на турските архитекти од Hayri Ataka.
Без оглед на ветерот, облакодерот би ротирал на секои 48 часа, нудејќи им на своите станари поглед на Дубаи во сите правци (исто како што е случајот со многу ресторани кои имаат ротирачки тераси).
Засега е само концепт, футуристичкиот облакодер не е само убав, туку и паметен. Инспириран од ветерници, облакодерот што работи на ветер е составен на три делови во форма на ленти кои ќе ротираат со постојана брзина околу централната оска.
Сè уште не е познато кога паметниот облакодер ќе се изгради, но ако сè оди како што треба, тој сигурно ќе се најде на списокот на архитектонски чуда во светот.
Фото: Printscreen YouTube