БиХ одобри летови на Boeing 737 Max во својот воздушен простор

45

Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Босна и Херцеговина го одобри враќањето на Boeing 737 Max во нејзиниот воздушен простор, а во одлуката се вклучени и млазните авиони 737-8 Max и 737-9 Max.

Регулаторното тело наведе дека пред овие авиони да се најдат во воздушниот простор на БиХ мора да исполнат одредени услови што ги одреди Федералната управа за воздухопловство и Европската агенција за безбедност во воздухопловството, пишува Ex Yu Aviation.

Минатата недела Boeing 737 Max доби одобрение да лета над европското небо. Овој тип на авион беше приземјен ширум светот во март 2019 година, откако за само шест месеци беа направени две авионски несреќи со околу 346 смртни случаи.

Како причина за несреќите се наведува недостиг во софтверот, којшто е наменет за олеснето управување со авионот.

Фото: Freepik