Апликација за запознавање излегува на берза, очекува милијарда долари капитал

94
Sportive woman using her phone in a park

Компанијата Bumble, што управува со истоимената апликација за запознавање, најави котација на берзата Nasdaq.

Планот е со продажба на 34,5 милиони акции да собере милијарда долари капитал.

Компанијата поднесе барање до американското берзанско регулаторно тело за реализација на иницијална јавна понуда, при што најави почетна цена по акција од 28 до 34 долари, пренесува Блумберг.

Bumble, којашто од другите апликации за запознавање се разликува по тоа што им дава предност на жените да го направат првиот потег, настојува да го валоризира најсилниот раст на пазарот на иницијални јавни понуди во последните две децении, пренесува Ројтерс.

Компаниите во текот на минатата година, преку иницијални јавни понуди, на берзите собрале рекордни 168 милијарди долари.

Bumble е основана во 2014 година, од страна на Витни Вулф Хрд, која била еден од основачите на конкурентната апликација Tinder.

Во 2019 година, вредноста на Bumble беше проценета на три милијарди долари.

Фото: Freepik