Индонезија потврди дека од производителот на електрични автомобили, Tesla, добила предлог за инвестиција, пренесува Ројтерс.
Веќе некое време се зборува дека Tesla би можела да отвори фабрика во Индонезија.
“Примив нов предлог утрово, а следната недела ќе имаме состанок за да добиеме и официјално објаснување“, вели Септиан Харио Сето, заменик шеф за инвестиции и рударство на Индонезија.
Земјата сака да прерасне во најголем производител на батерии бидејќи има најголеми резерви на никел во светот.
Првиот човек на Tesla, Илон Маск неодамна рече дека планира да понуди “огромен договор на подолг временски период“ сè додека никелот се експлоатира на “ефикасен и еколошки начин“.
Фото: Pixabay