По “петката“, на сцена се враќа и легендарниот Renault 4

175

Легендарниот автомобил Renault 4 ќе биде најновиот модел кој ќе биде ревидиран од страна на францускиот производител и трансформиран во електрично возило.

Минатиот месец Renault го претстави прекрасниот 5 EV Concept со потврда дека наскоро ќе пристигне и во продукциска варијанта. Renault 5 EV Concept се одликува со ретро дизајн и наиде на добар прием кај јавноста. Сега, според најновите информации, и Renault 4 го очекува истата судбина, односно легендарниот модел ќе биде оживеан и ќе стане електричен автомобил.

Autocar тврди дека добил потврда од страна на “инсајдери“ дека електричниот Renault 4 ќе пристигне на пазарот во 2025 година. Шефот на француската компанија, Лука Де Мео, при претставувањето на 5 EV Concept потврди дека автомобилот ќе добие “друштво од барем уште еден ретро модел“, а според сите очекувања, токму Renault 4 ќе биде тој модел.

Исто како и “петката“, новиот Renault 4 ќе биде поставен на компаниската CMF-B електрична платформа и ќе споделува голем број од своите механички компоненти. Најголемата разлика меѓу 4 и 5 ќе биде во нивната форма и таргетираниот сегмент на пазарот.

Оригиналниот Renаult 4 беше разновидно и мошне корисно возило, а се верува дека новиот модел ќе продолжи да ја применува оваа филозофија и ќе има димензии повеќе на компактен кросовер, наместо хечбек дизајнот на новата „петка“. Renault се очекува да го претстави R4 како концепт пред да го претвори во продукциски модел.

Кога станува збор за Renault 5, електричниот автомобил ќе пристигне на пазарот во 2022 година.

Преземено од Avtoplus.mk