Кинези за три часа купиле европски производи вредни шест милиони евра

66
Business theme, internet online shopping concept, shopping delivery, shopping cart carry shopping mail box and blur background of shopping bag and open laptop

Во текот на осми февруари, 20 милиони Кинези купиле производи од Полска, Грција, Бугарија, Унгарија, Литванија и други земји од централна и источна евра во износ од 5,69 милиони долари за три часа.

Станува збор за настан којшто има хуманитарен карактер и е организиран по повод претстојниот самит на лидерите на Кина и земјите од централна и источна Европа. Неодамна Кина ги заврши преговорите со ЕУ за инвестиции, а на почетокот на оваа година на сила стапи и Договор за географски ознаки меѓу Кина и ЕУ.

Кинеските потрошувачи биле љубопитни и полни со очекувања од европските производи. Тонер од бугарски рози, козметика од Грција, вино од Унгарија, масло од диви рози од Полска се само некои од производите што биле понудени на овој настан. Кинезите во текот на купувањето се запознавале и со културата на земјите од централна и источна Европа, па така некои од нив дознале дека Фредерик Шопен е од Полска…

Фото: Freepik