Компанијата за истражување на пазарот, Splendid Research спроведе истражување и направи листа на најпопуларните продавници за храна во Германија.
Во првите 10 најпопуларни продавници за храна се: Rewe, Lidl, Edeka, Kaufland, Aldi Sud, Aldi Nord, Netto, Penny, Real и Norma.
Според истражувањето, најпопуларна продавница е Rewe, со 69,5 од можни 100 поени. Компанијата има седиште во Келн, не само што е втора според нивото на свест меѓу германската популација со 94,8%, веќе има одлични оценки и во поглед на вкупниот имиџ на брендот со 73,3 поени, пренесува Fenix magazin.
Според истражувањето, имиџот на брендот се состои од 10 различни ставки, а Rewe меѓу испитаниците се истакнува во оценката за висок квалитет, континуиран развој и атрактивност.
На второ место се најде Lidl, којшто минатата година беше на лидерската позиција.
Фото: Freepik