Прометот во индустријата во декември лани, во однос на декември 2019 година, е зголемен за 7,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,9%, Капитални производи за 15% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,6%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, изнесува 88,1, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, изнесува 92,2.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, изнесува 99,1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,2%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4%.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, изнесува 114,4, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, изнесува 96,5.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, изнесува 112,2.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,7%, Капитални производи за 16,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, изнесува 81,2, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, изнесува 91,1.
Фото: Freepik