Ford инвестира милијарда долари на европскиот пазар

47

Ford планира поход на европскиот пазар на електрични автомобили во рамки на којшто најавува големи инвестиции и модернизација на фабриките во Германија.

“Ford ќе потроши милијарда долари на обнова на своите фабрики во Келн и од нив ќе направи база за производство на автомобили со нулта емисија на гасови“, изјави Стјуарт Роули, претседател на Ford за Европа.

Додал дека линијата на сите патнички возила на Ford во Европа до 2030 година ќе бидат на електричен погон.

Новиот електричен автомобил, американскиот производител би требало да го претстави на пазарот кон средината на 2023 година, а потоа можно е да се појави и уште еден.

Компанијата соопшти дека комерцијалните возила се клуч за растот и профитабилноста во Европа и дека ќе понудат нови производи и услуги во заедничката компанија со Volkswagen – Otosan во Турција.

Фото: Pexels