Цените на нафтата на меѓународните пазари надминаа ниво од 46 долари, најмногу поради проблемите што ги предизвикаа поларните температури во Тексас. Се очекува невообичаено студеното време во САД да направи сериозни проблеми во производство на нафта на неколку денови, а можеби и недели, бидејќи изворите на нафта се заледени, а рафинериите се затворени.
На лондонскиот пазар, цената на барел нафта поскапе за 91 центи на 64,26 долари, што е највисоко ниво од јануари лани. На американскиот пазар поскапувањето е за 68 центи на 60,73 долари за барел.
Изминатите неколку недели, цените на нaфтата регистрираат скок поради ограниченото производство и започнатата вакцинација, како излез на светот од кризата што ја предизвика пандемијата.
Фото: Pixabay