Кој и каде купил стан од 156.000 евра за квадрат?

104

Иако Хонгконг поминува низ најтешката рецесија во последните неколку години, пазарот на недвижнини забележува вистинска експанзија. Токму таму е продаден нов стан од 313 метри квадратни за 49 милиони евра, што е рекордна цена од 156.000 евра за метар квадратен, јавуваат тамошните медиуми.

Петoсобниот стан е сметен во елитна населба во Хонгконг, но тоа не е најскапиот стан што е купен во овој посебен административен регион на Кина. Сепак, неговата цена за метар квадратен е без преседан и ги одразува разликите во оваа поранешна британска колонија. По неколкумесечните демонстрации во текот на 2019 година, економијата на Хонгконг ги чувствува последиците од пандемијата и затворање на границите.

Бруто домашниот производ на овој полуавтономен регион на Кина во 2020 година се намали за 6,1%, а стапката на невработеност во овој момент изнесува 6,6%, што е највисоко ниво во последните 16 години.

Фото: Pexels