Производителите на автомобили и медицински уреди во САД бараат поддршка за фабрики за чипови

50

Здруженијата на американските производители на автомобили и медицински уреди го повикале претседателот Џо Бајден заедно со Конгресот да обезбеди поддршка за изградба на нови фабрики за полуспроводници.

Недостигот на чипови уште им прави проблем на производителите на возила во САД, а тоа може да резултира со милијарди долари загуба.

Минатата недела и производителите на чипови со писмо му се обратија на Бајден со цел да побараат поддршка да се надмине таа криза.

Конгресот во 2020 година ја одобри програмата за поддршка на истражувања на чипови и изградба на фабрики, но сè уште не се обезбедени пари.

Фото: Pixabay