Падот на цените на недвижностите во еврозоната и во Европската унија забрза во првото тромесечје, покажуваат податоците на Евростат.
Во првите три месеци од годината, индексот на цените на недвижностите во еврозоната падна за 2,2% во однос на истиот период лани, додека во Европската унија е намален за 1,4%. Во претходното тромесечје индексот на годишно ниво се намалил за 1,7% во еврозоната, односно за 1% во ЕУ.
Според податоците, најголем пад на цените на недвижностите во првите три месеца на годишни ниво е забележан во Шпанија, 5,1%, Кипар 4,8% и Унгарија 3,3%, а најголем скок на цените имало во Естонија 7,7%, Литванија 7,2% и Луксембург 4,3%.