Аеродромот Heathrow минатата година работеше со загуба што достигна 2,34 милијарди евра, бидејќи бројот на патници за време на пандемијата се спушти како на ниво од 70-тите години на минатиот век.
Оттаму ја повикаа британската влада за да се постигне договор околу меѓународни стандарди за да може на патниците да им се овозможи летово повторно да летаат. Владата би требало да обезбеди и даночни олеснувања за аеродромите за да може да излезат од кризата.
Во аеродромот, сметен во западниот дел на Лондон, се надеваат на повторно отворање од средината на мај, по најавите дека ќе се ублажат рестриктивните мерки.
Heathrow и понатаму е најголем аеродром во Велика Британија, но минатата година ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа од парискиот De Gaulle.
Во текот на минатата година на лондонскиот аеродром се регистрирани 22 милиони патници или 73% помалку одошто во 2019 година.
Фото: Pexels