Американската сојузна управа за воздухопловство соопшти дека компанијата Boeing се согласи да плати 6,6 милиони долари казна откако воздухопловниот регулатор утврди дека не го почитувала договорот за безбедност од 2015 година.
Казната вклучува 5,4 милиони долари поради непочитување на договорот во којшто Boeing се обврзал дека ќе ги промени своите интерни процеси заради подобрување и давање приоритет на ускладеност со прописите и 1,21 милиони долари за уште два случаи, пишува Ројтерс.
“Boeing не ги исполни своите обврски кон договорот, на основа на што Управата вклучи дополнителни пенали“, изјави Стив Диксон од Управата за воздухопловство.
Фото: Pexels