Компанијата Tesla ги информираше своите работници дека привремено запира дел од производството во фабриката за монтажа на автомобили во Калифорнија, пренесува Bloomberg.
На работниците на производната линија на Model 3 во Фримонт им било кажано дека нивната линија нема да работи од 22-ри февруари до седми март.
Сè уште не се познати причините поради коишто се донесува ваква одлука во Tesla. Исто така, не е познато колку Tesla ќе изгуби поради запирање на работата во Фримонт, којшто има годишен капацитет од 500.000 Model 3 и Model Y заедно.
Tesla минатиот месец објави дека се соочува со привремен проблем поради недостигот на чипови.
Неколку производителите на автомобили, како што се General Motors, Volkswagen и Ford, исто така го имаат овој проблем, па се принудени да го намалат производството.
Фото: Pexels