Повисоки трошоци во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

110

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во споредба со третото тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,3%, трошоците за материјали за 0,9%, а трошоците за вработените за 2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,4%, трошоците за материјали се пониски за 0,2% и трошоците за вработените се повисоки за 8%.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Фото: Pexels