Винарската визба Тиквеш од Кавадарци, во периодот јануари – декември лани, оствари вкупна сеопфатна добивка од 69.116.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно, добивката на компанијата беше 170.151.000 денари.
“Остварена е нето добивка од редовно работење пред оданочување на износ од 76,4 милиони денари или намалување за 57,7%“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, изнесуваат 1.505.780.000 денари од кои на домашен пазар се 815.295.000 денари, а 690.485.000 денари на пазари во странство.
“Вкупните приходи забележаа намалување од 13,7%, односно намалување за 240,7 милиони денари. Намалувањето на приходите се должи на намалени приходи генерирани од домашниот пазар (за 19,6%) и од странските пазари (за 5,7%). Бруто добивката бележи намалување од 24%“, стои во Образложението.
Фото: Pexels