Замислете си дека имате еден милион долари и сакате да ги инвестирате во недвижен имот. Анализата на Knight Frank покажува во која земја колку метри квадратни може да се купат со тој милион долари.
Најмалку или само 15 квадрати може да купите во Монако. Добро е познато дека Хонгконг е “дом“ на ултра скапи недвижнини, па таму за милион долари може да купиле само 23 квадрати, а следен е Лондон, каде 31 метар квадратен чини милион долари.
Меѓу местата во светот каде што недвижнините се исклучително скапи се и:
Њујорк (34 метри квадратни)
Женева (35 метри квадратни)
Сингапур (36 метри квадратни)
Париз (42метри квадратни)
Лос Анџелес (44 метри квадратни)
Сиднеј (45 метри квадратни)
Шангај (50 метри квадратни)…
Најголема квадратура за милион долари, според анализата, може да се купи во Сао Паоло и тоа 252 метри квадратни. Меѓу поевтините се и недвижнините во Кејп Таун (202 метри квадратни за милион долари), Дубаи (185 метри квадратни), Истанбул (112 метри квадратни) и Мумбај (106 метри квадратни).
Фото: Pexels