Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари, достигнувајќи ниво од околу 69 долари за барел откако стравот од инфлација ја неутрализираше загриженоста за снабдување по нападот во Саудиска Арабија и оптимизмот поради усвојување на планот за поддршка и помош во САД.
Цената на барел нафта лондонскиот пазар се намали за 20 центи и изнесуваше 69.16 долари, а накратко достигна и 71.38 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше по 13 центи пониска цена, од 65,96 долари, а накратко достигна вредност и од 67,98 долари.
Цените на нафтата почнаа да се зголемуваат откако Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници предводени од Русија минатата недела се договорија да продолжат со намалена дистрибуција и покрај растот на цените на сировата нафта.
Фото: Pexels