Како што растеа агресивно, така остро и паднаа акциите на Tesla

146

Акциите на американскиот производител на електрични возила, Tesla, ја намалуваат вредност неколку денови по ред.

Пазарната капитализација на компанијата на Илон Маск во последниот месец се намали за 244 милијарди долари. Акциите на Tesla на почетокот на неделата се намалија за 3,1%.

Според аналитичарите, како што растеа агресивно, така остро и паднаа.

“Инвеститорите агресивно вложија во оваа акција и ја лансираа од 40 на 900 долари, а тоа обично значи и еднакво брз пад“, смета аналитичарот Крег Ирвин.

Тој смета дека цената беше премногу висока и кога достигна ниво од 200 долари, а камоли 900. Малите инвеститори не продаваат толку брзо како институционалните, па корекцијата би можела да потрае подолго одошто за останатите технолошки компании.

Фото: Pexels