Американскиот производител на авиони Boeing тврди дека во февруари добил 82 нарачки за купување на авиони, а дека му e откажанa 51 претходна нарачка.
Покрај тоа, Boeing си ја поврати нарачката на 16 авиони што претходно беа откажани, откако купувачот се предомисли, што укажува дека сега е поизвесно дека нивната продажба ќе помине.
Овие податоци на компанијата и служат како знак за оптимизам во обновувањето на воздушниот сообраќај и патувањата, врз кои пандемијата на коронавирусот имаше многу лош ефект.
Бројот на патници во САД расте заедно со бројот на вакцинациите против Kовид-19, иако нивото на воздушен сообраќај е се уште далеку под нивото од пред пандемијата.
Boeing неколку месеци немаше ниту една нарачка, додека непотребните авиони на многу авиокомпании беа приземјени, и тие се бореа да ги намалат трошоците и да заштедат пари.
Освен пандемијата, Boeing беше во агонија и поради двете авионски несреќи во кои загинаа 346 патници, а во март 2019 година нивниот модел Max беше приземјен на глобално ниво.
Фото: Facebook